Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Сагата породолжува: Роналдо се сложил да плати 15 милиони евра данок

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо се сложил да плати 14,7 милиони евра на шпанските даночни служби.

Роналдо прифатил да го плати износот за кој е обвинет за затајување данок, но тоа не значи дека ја признава вината во случајот.
Португалецот следната седмица ќе ги плати парите и тоа само да избегне можна висока казна, односно тој потег да му се земе предвид како олеснителна околност на судиското сослушување на 31 јули.
„Кристијано не признава дека го направил тоа за што е обвинет туку само сака да соработува со властите“,  изјавија неговите застапници.
И покрај тоа што демантираше дека ги скрил приходите на Девствените острови, доколку се изјасни виновен пред шпанскиот Суд може да смета на двојно помала казна, со тоа што ќе мора да плати казна од 30 милиони евра.

 

Најнови вести