Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Конте го бара Маркизио во Челзи

Менаџерот на Челзи Антонио Конте сака да го донесе фудбалерот на Јувентус Клаудио Маркизио, пренесоа англиските медиуми.

Триесет и едногодишниот фудбалер од средниот ред последните неколку сезони има проблеми со повредите поради што го загуби местото во Јувентус и во италијанската репрезентација.
Минатата сезона Маркизио почна само 17 натпревари, а тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри има поголема доверба во Сами Хедира и во Миралем Пјаниќ.
Конте и Маркизио соработуваа во Јувентус и во репрезентацијата на Италија, а тогаш фудбалерот беше стандарден во првиот тим на клубот и на „аѕурите“.
Доаѓањето на Маркизио би значело дефинитивно заминување на српскиот репрезентативец Немања Матиќ за кој се интересираат бројни европски клубови.

Најнови вести