Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2017

Челзи и Јунајтед преговараат со Левандовски

Англиските премиерлигаши Челзи и Манчестер јунајтед разговарале со агентот на напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски за можен трансфер, пренесоа англиските медиуми.

Според нив, Левандовски повеќе би сакал да прејде во Челзи, но дека и Јунајтед е сериозен во намерата да го ангажира и дека негови претставници вчера имале разговори со агентот на полскиот репрезентативец.
Левандовски во декември минатата година го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2021 година, но неодамна изјави дека е разочаран поради недостатокот од поддршката во обидот да стане најдобар стрелец на лигата.
Тој минатата сезона постигна 30 голови во Бундес лигата, но гол повеќе постигна напаѓачот на Борусија Дортмунд Пјер-Емерик Обамејанг и ја освои Златната копачка.
Левандовски за полските медиуми изјави дека не е задоволен од ставот на соиграчите.
„Бев изнервиран и разочаран од ставот на екипата“, кажа дваесет и осумгодишниот Полјак.
Неговиот агент Мајк Бартел за германскиот магазин „Кикер“ изјави дека неговиот клиент му се пожалил на недостатокот на поддршка.
„Роберт ми кажа дека не го поддржале и дека тренерот Карло Анчелоти не барал од играчите на последниот натпревар да му помогнат да стане прв стрелец на лигата. Беше разочаран, никогаш не сум го видел таков“, рече Бартел.

Најнови вести