Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2017

Надал по десетти пат славеше на Ролан Гарос

Шпанецот на Отвореното првенство на Франција има неверојатен ефект од 79 победи и само два порази.

За само два часа и седум минути Шпанецот Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос го победи Швајцарецот Станислас Вавринка со 3:0 (6:2, 6:3, 6:1).
За Надал ова десетти трофеј (2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2017 година) на Отвореното првенство, а годинава до пехарот дојде без ниту еден изгубен сет.
„Му честитам на Стан, тој и неговиот тим направија неверојатен успех минатите две седмици, само нека продолжат така. Тешко ми е сега да зборувам, можам само да им се заблагодарам на сите на поддршката“, изјави Надал по натпреварот.
Пехарот му го додели неговиот чичко Тони Надал, а победникот доби и реплика на трофејот со неговото име.
„Тешко е да изговорам што ова значи за мене, ова е посебна прилика. Тешко е да се спореди овој турнир со кој било друг, секогаш ќе ми биде вржан длабоко во срцето. Ова финале многу ми значи, а посебно сум благодарен на чичко ми кој беше со мене, освоивме 10 трофеи. Бескрајно му благодарам за сè“, додаде Надал.
„Сакам да играм на овој терен, пред оваа публика, луѓе кои навистина ги сакам, ја чувствувам поддршката“, заврши шпанскиот тенисер.
Надал по трет пат го освојува Ролан Гарос без загубен сет, по 2008 и 2010 година, а на овој турнир загуби само 35 гемови.
Како победник доби и награда од 2,1 милиони евра, а Стен Ваврикна (победник во 2015година) како финалист доби еден милион евра.
Во финалето на женскиот турнир Летонката Јелена Остапенко ја победи Романката Симона Халеп со 2:1 (4:6, 6:4, 6:3) откако го загуби првиот сет и во вториот губеше со 3:0 во гемови и со дваесет години и два дена стана најмладата победничка во историјата на Ролан Гарос.

Најнови вести