Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2017

Рајола: Балотели ќе игра за Дортмунд

Спортскиот агент Мино Рајола на германските новинари им изјави дека Марио Балотели во наредната сезона ќе игра за Борусија од Дортмунд.

Борусија именуваше нов тренер, а на конференцијата наместо Петер Бос, кој од Ајакс дојде во германскиот клуб, се појави Рајола, кој одговараше на прашањата на новинарите.
Новинарите му поставија прашање дали е тука заради Балотели, на што Италијанецот им даде потврден одговор.
„Дали трансферот ќе биде реализиран?“, го прашаа претставниците на медиумите, а тој им одговори: „Да, Балотели ќе игра за Дортмунд.“
Рајола уште минатата седмица изјави дека Супер Марио го бараат Борусија и Олимпик Марсеј. Балотели постигна 17 голови на 28 натпревари за Ница минатата сезона.

Најнови вести