Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2017

Азар успешно опериран, го пропушта почетокот на новата сезоната

Фудбалскиот клуб Челзи соопшти дека на играчот на клубот Еден Азар успешно му е извршена операција и дека од теренот ќе отсуствува околу три месеци.

Азар во неделата го скрши глуждот на десната нога на тренингот со репрезентацијата на Белгија.
„На Еден Азар вчера успешно му беше извршена операција, се очекува на тренинзите да се врати за околу три месеци“, соопшти Челзи.
Новата сезона во Англија почнува на 12-ти август, така што Азар ќе го пропушти почетокот на сезоната во која „сините“ ќе ја бранат титулата.
По операцијата даде изјава и Азар.
„Сè помина во ред, сега го почнувам патот за враќање. Ќе бидам уште посилен. Ви благодарам за поддршката“, изјави Азар на неговиот профил на „Твитер“.

Најнови вести