Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2017

Лукас Билја во Милан за 25 милиони евра

Аргентинскиот фудбалер Лукас Билја е трето засилување на Милан за следната сезона, а доаѓа од Лацио за 25 милиони евра.

Се очекуваше Билја да го продолжи договорот со клубот од Рим, кој истекува летото 2018 година, но потоа се појави заинтересираноста на „росонерите“ и тој се премисли.
Милан на Лацио за трансферот ќе му плати 21 милион евра, а дополнителни четири преку бонуси во зависност од неговите игри.
Билја има 31 година, а Лацио го доведе од Андерлехт во 2013 година за 8,5 милиони евра.
Пред него, на „Сан Сиро“ оваа пролет стигнаа Матео Мусакио од Вилјареал и Франк Кесе од Аталанта за вкупно 46 милиони евра.

Најнови вести