Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2017

Февр ќе ги преземе „милионерите“, подготвил замена за Обамејанг

Договорено е Луцијан Февр да стане нов тренер на Борусија од Дортмунд, а прва желба му е играчот со кого соработуваше во Ница минатата сезона – Марио Балотели.

Како што пренесува германскиот „Кикер“, Борусија ги договорила условите со Февр, но останува да се договори со Ница околу оштетата. Она што е многу важно во овој момент е кого ќе го доведе новиот тренер на „милионерите“.
Жешко е прашањето за напаѓач, бидејќи Марко Ројс ќе биде надвор од теренот подолго време поради повреда, а Пјер-Емерик Обамејанг е на прагот да направи трансфер во ПСЖ. 
Февр го сака човекот со кого оваа сезона соработуваше во Ница, Марио Балотели. Проблематичниот Италијанец, кој во кариерата играше за Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул, сезоната ја заврши со 17 постигнати погодоци, со што, макар на Февр, покажа дека проблематичните денови се зад него и дека сè уште може да пружи што се однесува до фудбалот.

Најнови вести