Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2017

Првенец на Ботас, Хамилтон без подиумот во Сочи

Валтери Ботас, возачот на Мерцедес, триумфираше на Големата награда на Русија и со тоа стигна до првата победа во кариерата.

Ботас трката во Сочи ја заврши за помалку од секунда од второпласираниот Себастијан Фетел, додека третото место на подиумот го освои Кими Раиконен.
Дваесет и седумгодишното момче од Настола уште во рана фаза од трката ги престигна двајцата возачи на Ферари, коишто стартуваа од првата и од втората позиција, и со тоа стигна до најголемиот успех во досегашната кариера.
Ботас досега 11 пати се искачи на подиумот, само еднаш тргна од пол-позиција, а во Сочи дојде редот да го подигне победничкиот пехар. Освен неговиот триумф, викендот во Русија го обележа слабиот настап на Луис Хамилтон. Британецот правеше грешки на тренинзите и во квалификациите, па ќе мора да се задоволи со четвртото место.
Борбата за шампионот не беше толку еднонасочна бидејќи Германецот во болидот на Ферари се закануваше до неколку кривини пред крајот, но немаше доволно време да го престигне Ботас. Имаше малку послаб старт и не беше доволно ниту тоа што во последните дваесетина кругови ги стигнуваше ривалите од Мерцедес.
Од друга страна, Ботас во неговиот 82 настап го оствари сонот во Формула 1, поништувајќи ја малата грешка при одењето во боксот.
Уште на стартот на трката, Фернандо Алонсо, возачот на Мекларен, мораше да се откаже поради дефект на болидот, а Ботас ги престигна возачите на Ферари и им избега.
По Хамилтон, првите десетмина во Сочи ги комплетираа: Макс Ферстапен, Серхио Перез, Естебан Окон, Нико Хилкенберг, Фелипе Маса, Карлсо Саинс јуниор.
Ниту Фетел нема да биде незадоволен од резултатот во Сочи бидејќи дојде до 86 бодови во генералниот пласман и ја зголеми предноста над Хамилтон, кој има 73. На третото место е вчерашниот шампион со десет бодови помалку од клупскиот колега.
Што се однесува до конструкторите, Ферари го престигна Мерцедес и има 102 бода, три повеќе од најголемиот конкурент.
Шампионатот на Формула 1 продолжува за две седмици, кога на програмата е Големата награда на Шпанија на легендарната „Каталуња“.

Најнови вести