29.4.2017 Клаудио Браво ќе го пропушти остатокот од сезоната
Клаудио Браво, првиот чувар на мрежата на Манчестер сити, доживеа повреда во дербито на Манчестер, поради која би можело да го напушти остатокот на сезоната.
Сити и Јунајтед одиграа без голови во заостанатото 26-то коло, а голманот Клаудио Браво мораше да го напушти теренот во 79-тата минута поради повреда.
Го замени резервниот голман Вили Кабалјеро, а Браво веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
„Доживеа повреда и ќе биде надвор од теренот неколку седмици, можно е и да го пропушти остатокот од сезоната“, изјави Хосеп Гвардиола, менаџерот на Сити.
Браво следната сезона би можело да биде втор чува на мрежата на „граѓаните“, бидејќи е одамна познато дека Гвардиола не е целосно задоволен од услугите на Чилеанецот.
Замена би можело да биде талентираниот голман на Сандерленд, Џордан Пикфорд, кого го сака пола Премиер лига.