Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2017

Вардар испиша историја со триумфот над Флензбург за фајналфор во Келн!

Вардар одигра одличен натпревар и го порази Флензбург со 35-27 и стана првиот македонски тим кој ќе игра во Фајнал фор турнирот во ракометната Лига на шампионите.

Македонскиот шампион ја испиша историјата пласирајќи се меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите кои ќе играат на завршниот турнир во Келн.
Вардар во синоќешниот натпревар одигра фантастично, со што докажа дека е многу подобар противник од германскиот Флензбург. Ракометарите на Раул Гонзалес беа многу подобри и го диктираа темпото од почетокот до крајот на средбата и заслужено се радуваа на убедливата победа од 35-27.
Гостите се држеа до средината на првото полувреме, но потоа „црвено-црните“ го засилија темпото и на пауза заминаа со разлика од пет погодоци (15-10).
Во вториот дел од средбата, нашите ракометари со одлична игра ја одржуваа предноста која стигна највисоко до +9. Вардар, со помош на публиката, лесно постигнуваше голови и натпреварот го заврши со осум повеќе, односно крајниот резултат беше 35-27.
Најдобар стрелец беше Циндриќ со седум постигнати гола, Шишкарев и Душебаев постигнаа по пет, Борозан даде четири погодоци, а на голот Арпад Штербик повторно имаше одлична партија.

Најнови вести