Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

Гвардиола без Силва во градското дерби

Настапот на еден од најкреативните играчи на „граѓаните“ против Манчестер јунајтед е под голем знак прашалник.

По елиминацијата од Арсенал во полуфиналето на ФА купот, Пеп Гвардиола за прв пат во неговата тренерска кариера ќе заврши без трофеј.
Сезоната ќе се обиде колку-толку да ја спаси со пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа, ни тоа нема да биде лесна задача.
На „граѓаните„ им останува да одиграат уште седум првенствени натпревари, првиот на програмата е вечерва на „Етихад“, против градскиот ривал Манчестер јунајтед.
И двата клуба ќе бидат прилично ослабени.
Гвардиола на конференцијата за новинарите изјави дека Давид Силва е под знак прашалник и дека би можело да го пропушти дербито. Каталонецот додаде дека Габриел Жесус целосно закрепнал од повредата, но проблемот е во тоа што е надвор од ритам, додека олеснителна околност е што Серхио Агуеро веќе не чувствува никакви тегоби и ќе биде подготвен.

Најнови вести