Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2017

Манчестер јунајтед го направи првиот чекор кон Гриезман

Според зборовите на менаџерот Ерик Олатс, челниците на Манчестер јунајтед први покажале конкретен интерес за доведување на неговиот клиент Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид.

Францускиот напаѓач во редовите на „јорганџиите“ има излезна клаузула од 108,7 милиони долари, којашто „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја исплатат.
„Моментно сме во фаза кога собираме информации од заинтересираните клубови. Постои непремостлива клаузула од сто милиони евра, така што тоа го ограничува бројот на кандидатите. Тука се: Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Барселона и Реал. Јунајтед прв покажа интерес и беше најконкретен во намерите“, изјави менаџерот на Гриезман.
Жозе Мурињо, менаџерот на тимот, е петти на табелата на Премиер лигата, но е најнеефикасен меѓу првите седум екипи на табелата (50 голови). Минатата недела во четврт-финалето на Лигата на Европа потешко се повреди Златан Ибрахимовиќ, додека Вејн Руни веќе подолго време е во слаба форма, иако викендот беше стрелец против Барнли.
Ибра е најдобриот стрелец на Манчестер во Премиер лигата со 17 постигнати голови, додека зад него е играчот за врска Хуан Мата со шест погодоци, кој исто така е повреден, па Мурињо сигурно ќе купува нови фудбалери за да го поправи голгетерскиот скор „црвените ѓаволи“.

Најнови вести