Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2017

Барселона го продолжи договорот со Тер Штеген

Марк-Андре тер Штеген, чуварот на мрежата на Барселона, е награден за добрите одбрани во Ел Класико.

Барселона одлучи да го продолжи договорот со голманот Марк-Андре тер Штеген, јавуваат шпанските медиуми.
Германецот и во наредните пет години ќе остане на „Камп ноу“. Тер Штеген одлично бранеше во неодамна одиграното дерби со Реал Мадрид, во кое неговиот тим славеше со 3-2.
Овој 24-годишен голман за Барселона досега бранеше на 41 натпревари, а прими 42 гола.
Во каталонскиот клуб направи трансфер во 2014 година од Борусија Менхенгладбах.

Најнови вести