Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2017

Дарио Ивановски e победник на белградскиот Полумаратон

Најдобриот македонски атлетичар, деветнаесет годишниот Дарио Ивановски е победник на Полумаратонот во Белград кој денеска се одржа во склоп на јубилејниот 30. маратон во српскиот главен град.

Дарио Ивановски прв ја мина целта на полумаратонот во Белград во конкуренција на 2000 натпреварувачи и постави личен рекорд од еден час, 10 минути и една секунда на делницата долга 21 километар.  
На полумаратонот трчаше и неговиот тренер Игор Јакимовски кој заврши на десеттото место со време од 1:18.40.
Ивановски трката ја заврши пред српските маратонци Владимир Бојовиќ (1:10:40) и Марко Ранковиќ (1:11:57).
На главната маратонска трка во должина од 42 километри победи Кениецот Стивен Кипнгетич Катам (2:21:11).