Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2017

Бостон и Голден стејт носители во плејофот

Минатата ноќ се одиграа и последните натпревари од лигашкиот дел во сезоната на НБА и сега се познати сите двојки од првата рунда на разигрувањето во плејофот на Истокот и на Западот.

Од минатата година за одредувањето на предноста на домашниот терен веќе не е пресуден фактор вкупниот број победи и порази, односно пласманот на табелата. Сега е важен прво меѓусебниот скор во текот на сезоната меѓу двата ривали, а потоа доколку е израмнето (2-2), дали некој тим ја освоил дивизиската титула.
Пласманот на вкупната табела за одредување на домашната предност ќе биде мерило само во големото финале.
Првите натпревари на стартот од плејофот се играат на 15-ти април, а големото финале ќе стартува на први јуни.
Плејофот ќе се игра до четири победи по системот (2-2-1-1-1), а во следната рунда ќе се сретнат победниците од сериите 1-8 со 4-5, односно 2-7 со 3-6.

Двојки – плејоф на НБА-лигата (прва рунда):
Исток
(1) Бостон - (8) Чикаго
(4) Вашингтон – (5) Атланта
(3) Торонто – (6) Милвоки
(2) Кливленд – (7) Индијана
Запад
(1) Голден стејт – (8) Портланд
(4) Лос Анџелес клиперс – (5) Јута
(3) Хјустон – (6) Оклахома
(2) Сан Антонио – (7) Мемфис

Конечен пласман по регуларниот дел
Исток
Бостон 53-29
Кливленд 51-31
Торонто 51-31
Вашингтон 49-33
Атланта 43-39
Милвоки 42-40
Индијана 42-40
Чикаго 41-41

Запад
Голден стејт 67-15
Сан Антонио 61-21
Хјустон 55-27
Лос Анџелес клипер 51-31
Јута 51-31
Оклахома 47-35
Мемфис 43-39
Портланд 41-41

Најнови вести