Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2017

Бразил прв на Мундијалот, Аргентина во проблеми

Селекцијата на Бразил прва обезбеди пласман за претстојниот Мундијал во Русија 2018 година. „Кариоките“ на четири кола пред крајот на јужноамериканските квалификации, го осигурија пласманот меѓу најдобрите четирите репрезентации.

На четири средби пред крајот на квалификациите, Бразилците убедливо се први во групата А, дури со девет бода предност во однос на второпласираната Колумбија. Тоа докажува дека тие ја надминаа кризата со која беа соочени до пред една година.
Бразил синоќа го победи Парагвај со 3-0. Стрелец на првиот гол беше Филипе Кутињо, а во второто полувреме Нејмар и Марсело го поставија конечниот резултат од 3-0, а Нејмар не погоди еден пенал. Бразилците доминираа во текот на средбата и заслужено ги освоија трите бода и ја остварија деветтата победа во деветтиот натпревар под водство на селекторот Тите.
Фудбалерите на Аргентина повторно ги разочараа нивните навивачи, беа поразени со 2-0 во Боливија, во 14-тото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2018 година.
„Гаучосите“ без суспендираниот Лионел Меси беа немоќни во Ла Паз, каде што Хуан Арсе и Марсело Морено им го нанесоа третиот пораз во последните пет натпревари.
Аргентина сега се наоѓа на петтата позиција, која води во баражот за пласман на Мундијалот во Русија, но ниту во наредните три натпревари нема да може да смета на Меси.
Чиле рутински извојува победа од 3-0 против Венецуела. Двата гола ги постигна Паредес, а еден гол Алексис Санчес. Чилеанците со оваа победа се пласираа на четвртото место на табелата пред Аргентина.
Уругвај овој месец беше поразен втор пат по ред откако селекцијата предводена од Кавани и Суарес загуби со 2-1 од Перу. Уругвајците први поведоа, но потоа играа деконцентрирано во одбраната и на противниците им дозволија да направат целосен пресврт и да ги освојат трите бода.

 

Најнови вести