Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Рамос: Вратите на Реал отворени за Мбапе

Килијан Мбапе апсолутно е хит во фудбалска Европа, а не остана незабележан ниту од Серхио Рамос, којшто изјави дека вратите на Реал Мадрид се широко отворени за младиот Французин.

Осумнаесетгодишниот Мбапе оваа сезона постигна 19 голови за Монако во сите натпреварувања, а медиумите низ светот го поврзуваат со секој клуб што постои.
Минатиот викенд дебитираше за репрезентацијата на Франција во дуелот со Луксембург и со Монако има договор до 2019 година, а Серхио Рамос изјави дека за младиот играч вратите на Реал се широко отворени.
„Не дека јас го повикувам претседателот Перес да ме консултира околу засилувањата, но вратите на Реал секогаш се широко отворени за најдобрите играчи. Мбапе, доколку дојдеш во Реал, ќе те прифатиме со отворено срце, како и сите играчи коишто доаѓаат овде“, изјави Рамос.
Рамос изјави дека признава дека можеби е претерано да се зборува за засилувања бидејќи на тој начин покажува одредено непочитување кон неговите соиграчи коишто играат на таа позиција – Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема.

Најнови вести