Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Зидан ѝ порача на управата: Џејмс може да си оди

Зинедин Зидан, тренерот на европскиот шампион Реал Мадрид, побарал од управата да го продаде Колумбиецот Џејмс Родригес по завршувањето на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Зидан не сака незадоволни играчи во тимот, а Родригес е еден од таквите бидејќи времето главно го минува на клупата за резерви.
Францускиот стручњак нема да биде ниту против опцијата Реал да му го понуди Родригес на Челзи, со доплата, за трансфер на Еден Азар.
Родригес по одличните игри на Мундијалот во Бразил 2014 година, стигна како големо засилување од Монако за 80 милиони евра, но не ги оправда вложените пари.
Како можни нови средини за Родригес, покрај Челзи, се споменуваат: ПСЖ, Манчестер јунајтед, Арсенал и Интер.

Најнови вести