Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Верати: Би сакал да заиграм за Јувентус

Марко Верати, фудбалерот на ПСЖ, изјави дека еден ден би сакал да заигра за Јувентус и го смести меѓу четирите најдобри тима на светот.

Неуморниот играч за врска, иако е роден во Италија, никогаш не настапувал во Серија А бидејќи од второлигашот Пескара направи трансфер во ПСЖ во 2012 година.
„Серија А е одлично натпреварување. Тимовите како Интер, Милан и Јувентус имаат голема историја. „Старата дама“ е меѓу четирите најдобри тима на светот, многу напредуваше“, изјави фудбалерот на „светците“.
„Ако некогаш си одам од ПСЖ, нема да имам проблем да направам трансфер во Торино“, додаде Верати.
Верати веќе неколку преодни рока наназад се поврзува со трансфер во Јувентус, но парижаните досега ги одбија сите понуди.
Заинтересираност покажа и Барселона, а цената на 24-годишниот Верати се движи околу 60 милиони евра.

 

Најнови вести