Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2017

Црвена зона – Меси и другарите не победуваат таму!

„Лично, мислам дека таму се невозможни условите за игра“, отворено изјави Лионел Меси.

Фудбалерите на Аргентина утре гостуваат кај можеби и најлесниот тим на хартија, но според надморска висина најтешкиот.
Лионел Меси во пет наврати ги предводеше Аргентинците на гостувањата на висока надморска висина, но ниту еднаш не успеа да победи, бидејќи има скор од две ремија и три порази.
Меси никогаш не криел дека едноставно не е во состојба да функционира и да дише нормално на теренот кој се наоѓа на висина од 3.625 метри.
„Лично, мислам дека таму условите за игра се невозможни“, изјави Меси уште далечната 2009 година, по првиот пораз, и тоа дури со резултат 6-1, на стадионот „Ла Паж“.
Покрај Боливија, Меси на слична надморска висина не успеа да победи ниту на гостувањето кај Еквадор ниту во Богота (Колумбија).
Ова се интересни податоци пред наредниот натпревар на Аргентина, кој на програмата е утре, од 22 часот по наше време.

Најнови вести