Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2017

Ниту допинг, ниту стероиди, што е тајното оружје на НБА

Последните 30 години феноменот на домашен терен драматично опадна низ целиот караван на НБА-лигата, пишува ЕСПН.

Том Хаберстрох, авторот на влијателниот медиум, пишува дека домашните тимови во 1987 година победуваа во 68 отсто од случаите, во однос на овосезонските со 57 отсто.
„Денес постојат многу причини зошто е тоа така, а сите произлегуваат од зголемувањето на луксузот при сместувањето на играчите. Тимовите веќе не патуваат со комерцијални летови, наместо тоа низ државите летаат со чартер авиони, коишто го нудат секој можен начин за релаксација“, изјави Хаберстрох.
Според неговите зборови, зад зголемениот успех на гостинските тимови првенствено стои една технолошка новина.
Еден генерален менаџер тоа го нарекува тиндеризација на НБА-лигата. Тоа е апликација за договарање состаноци. Всушност, апликациите коишто се направени за да овозможат запознавање сексуални партнери за НБА направија повеќе отколку што „Амазон“ направи за книгите. Забавата сега доаѓа во вашата куќа. Еден играч на Олстар изјави дека е апсолутно вистинито дека играчот добива два часа повеќе доколку има секс далеку од дома отколку пред 15 години. Тој додаде и дека играчите повеќе го сакаат „Инстаграм“ отколку „Тиндер“. Никој веќе не оди во клубови, никој веќе не мора да купи нешто за да јаде на враќање од клубот кон дома“, додаде Хаберстрох.
Тој наведува дека целта на НБА-лигата  во последните години е ефикасност на секое поле, како и дека тоа се однесува и на сексуалниот живот на играчите.
„Секако, има и други варијанти коишто можат да послужат. Треба да се наведе и дека играчите на НБА-лигата денес пијат помалку алкохол отколку порано“, заклучува авторот на ЕСПН.