Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2017

Кој е побрз: Хамилтон вели Ферари, Фетел Мерцедес

Иако пред неколку седмици изјави дека Ферари можеби е фаворит, Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, сега изјави дека е сигурен дека Себастијан Фетел и Кими Раиконен ќе имаат побрз автомобил од него и од Ботас во наредната сезона.

Мерцедес немаше конкуренција во претходните три години во караванот на Формула 1, но претсезонските тестирања покажале дека тимот од Маранело има на што да се надева.
„Ферари е најбрз. Дефинитивно се фаворити“, изјави Хамилтон, трократниот шампион на Формула 1.
Од друга страна, и Себастијан Фетел го фали противникот.
„Мерцедес секогаш е силен, дури и кога ќе се променат правилата“, изјави освојувачот на четири титули и додаде дека овогодишниот Ферари е најбрз откако стигнал во тимот.
За прв пат од 1994 година, кога Алан Прост се повлече по титулата, најбрзиот караван на четири тркала ќе почне без актуелниот шампион бидејќи Нико Розберг се повлече.
Новата сезона на Формула 1 почнува во недела, со Големата награда на Австралија.

Најнови вести