Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Коста: Сакав во Атлетико, Конте не ме ни погледна

Диего Коста, напаѓачот на Челзи, минатото лето сакаше да се врати во Атлетико Мадрид незадоволен од соработката со новиот менаџер Антонио Конте.

Шпанскиот репрезентативец изјави дека признава дека пред почетокот на сезоната неговиот однос со италијанскиот тренер бил напнат.
„Соработката со Конте не почна на најдобар можен начин. Сакав да се вратам во Атлетико Мадрид и тоа му го реков“, изјави Коста.
Најдобриот стрелец на „сините“ оваа сезона во Премиер лигата со 17 постигнати голови додаде дека тогаш бил во лоша психичка состојба.
„Барав да разговарам со Конте за евентуално да го променам клубот. Меѓутоа, тој не ни погледна во мене“, додаде напаѓачот на Челзи.
Коста за Атлетико играше од 2010 до 2014 година, кога се пресели во клубот од Лондон.

Најнови вести