Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2017

Дерби по втор пат во две години го отпушти Мекларен

Стив Мекларен, некогашниот селектор на репрезентацијата на Англија, доби втор отказ во Дерби каунти за помалку од две години.

Англискиот второлигаш го отпушти Мекларен поради поразот од Брајтон со 3-0 и лошата серија резултати само по една победа во последните девет натпревари.
„Стив е голем стручњак, имаме многу талентиран тим и првокласни услови, но на екипата ѝ недостасуваше концентрација и страст“, изјави Мел Морис, претседателот на Дерби.
Мекларен вториот мандат во Дерби го заврши по пет месеци, а по првиот исто така беше разрешен од должноста речиси по две години, од септември 2013 до мај 2015 година.
Во текот на кариерата ги водеше: Мидлсборо, Твенте, Волфсбург, Нотингам форест и Њукасл, а голем неуспех доживеа на клупата на репрезентацијата ан Англија бидејќи не ја одведе на Европското првенство во Австрија и Швајцарија.

 

Најнови вести