Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2017

Спалети ќе ја напушти Рома налето, ќе го замени Сари?

Лучијано Спалети, тренерот на Рома, ќе ја напушти „волчицата“ по истекувањето на договорот на крајот на сезоната, пренесува „Раи спорт“.

Италијанските медиуми наведуваат дека тимскиот клуб е заинтересиран екипата од лето да ја преземе Маурицио Сари, тренерот на Наполи.
Тој наводно е во лоши односи со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, па се очекува по завршувањето на сезоната, и тој да ја промени средината.
Сари во 2015 година го презеде Наполи, кој веќе со години, покрај Рома, е главен конкурент на Јувентус во борбата за титулата.
Во текот на кариерата 58-годишниот стручњак ги водеше уште: Емполи, Верона и Пескара.
Рома моментно е втора во Серија А со 65 освоени бода, два повеќе од Наполи, а седум помалку од Јувентус.

Најнови вести