Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2017

Трета победа по ред за Западот, рекорден број поени на Ол стар мечот

На натпреварот на Ол стар имаше вистински спектакл од ѕвездите на НБА, селекцијата од Западната конференција победи со 192-182.

Утрово во Њу Орлеанс, во 66-тото издание на Ол стар, Западот славеше над Истокот. Натпреварот беше со рекорден број поени (372), а на крајот победник беше селекцијата од Западната конференција со резултат 192-182.
Ентони Дејвис, миленикот на домашните навивачи, ја испиша историјата постигнувајќи 52 поени, а со тоа го собори рекордот на Вилт Чемберлен од 42 поени поставен во 1962 година.  Со ова постигнување кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс дојде до наградата МВП .
Во селекцијата од Западот одлично одигра и Расел Вестбрик, кој постигна 41 поен за помалку од 20 минути, а Кевин Дурант имаше трипл-дабл учинок со 21 поен, десет скока и десет асистенции. Дурант е еден од четворицата кошаркари коишто постигнале трипл-дабл на натпревар на Ол стар.
Во селекцијата од Источната конференција, најдобар поединец е Јанис Антетокунпо со 30 поени, а Леброн Џејмс постигна 23 поени.

Најнови вести