Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2017

Караница меѓу играчите на Арсенал во соблекувалната, Санчес си оди од клубот!

Алексис Санчес, најдобриот фудбалер на Арсенал, дефинитивно одлучил да го напушти англискиот клуб на крајот на сезоната, револтиран поради тешкиот пораз во Минхен од Баерн (5-1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Како што наведуваат повеќе британски медиуми, капката која ја прелила чашата кај Санчес била меѓусебната караница на играчите во соблекувалната по натпреварот на „Алијанц арената“.
Арсенал веќе неколку месеци се обидува да го убеди Чилеанецот да потпише нов договор, но досега тој ги одби сите понуди.
Во редот за негов трансфер засега стојат Јувентус и ПСЖ, но се верува дека списокот налето ќе биде уште подолг.
Сè повеќе се шпекулира дека по патот на Санчес ќе тргне и менаџерот Арсен Венгер, чие заминување на крајот на сезоната го бараат навивачите на „топчиите“.

Најнови вести