Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2017

Флоренци ја заврши сезоната поради повреда на коленото

Алесандро Флоренци, фудбалерот на Рома, ја заврши сезоната бидејќи повторно ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, соопшти римскиот клуб.

Лекарот на фудбалскиот клуб Рома изјави дека на Флоренци ќе му биде извршена артроскопска операција на коленото.
Флоренци се повреди минатата недела на тренинг, но дури вчера беше утврдено за каква повреда се работи.
Тој беше надвор од теренот од октомври минатата година, кога ја доживеа истата повреда на натпреварот против Сасуоло.
Флоренци одигра 24 натпревари за репрезентацијата на Италија и постигна два гола.

Најнови вести