Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2017

Касерес официјално во Саутхемптон

Уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес официјално стана нов играч на Саутхемптон, соопшти англискиот премиерлигаш.

Искусниот фудбалер на Островот стигна како слободен играч по разделбата со Јувентус минатото лето.
Касерес потпиша договор со Саутхемптон до крајот на сезоната и ќе го носи дресот со број 12.
„Многу сум среќен што станав дел од еден од најзначајните клубови во Англија. Се радувам што побрзо да излезам на теренот за да им помогнам на новите соиграчи. Од сите понуди што ги имав, мислам дека Саутхемптон е најдобрата опција за мене. Екстремно сум среќен што му пристапив“, изјави Касерес.
Уругвајскиот репрезентативец во текот на кариерата играше во Барселона и во Севилја, а со каталонскиот клуб во 2015 година ги освои Лигата на шампионите и Примера лигата.

Најнови вести