Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Голем пех за „кнезовите“, но и лоша вест за Арсенал и за Јувентус

Фудбалерот на Монако доживеа тешка повреда, поради која ја заврши сезоната.

Уште еден во низата играчи коишто беа одлични оваа сезона во дресот на Монако е и Габриел Бошилја.
Овој 20-годишен Бразилец игра феноменално оваа сезона, постигна шест гола и две асистенции, а поради трите погодока коишто ги постигна од слободен удар го доби прекарот новиот Жунињо.
Бошилја незгодно се повреди во победата на „кнезовите„ над Мец со 5-0, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната.
„На Бошилја му е извршена операција. Нема да ни биде на располагање во наредните шест месеци“, изјави Леонардо Жардим, тренерот на Монако.
Тој доживеа една од потешките фудбалски повреди, ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе му биде извршен оперативен зафат.
За ова момче се заинтересирани повеќе клубови, а наводно неговите услуги најмногу ги посакуваат Арсенал и Јувентус.

 

Најнови вести