Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Инсиње: Само резултатот ја покажува разликата меѓу нас

Лоренцо Инсиње, напаѓачот на Наполи и стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим во поразот од Реал Мадрид (3-1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, изјави дека смета дека сè уште ништо не е завршено.

Тимот од Неапол поведе со преубавиот погодок на Инсиње од голема далечина, но мадриѓаните направија пресврт и се стекнаа со добра предност пред реваншот, кој на програмата е на седми март.
„Мислам дека одигравме добар натпревар. Сите знаат дека Реал е актуелен шампион на Европа и моментно лидер на првенството на Шпанија. Во овој тим има 18 феноменални фудбалери. Резултатот е фрустрирачки, но го имаме вториот натпревар. Ќе се бориме до крај“, изјави Инсиње.
Италијанецот додаде дека се надева дека неговата екипа во реваншот може да направи чудо.
„Денес не видов голема разлика меѓу тимовите, освен во конечниот резултат. Покажавме дека можеме да играме против Реал. Направивме многу грешки, но тие ни се дополнителна мотивација уште подобро да работиме во иднина“, изјави Инсиње по натпреварот.

Најнови вести