Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Лига на шампиони: „Наполитанците“ во Мадрид, Арсенал во Минхен

Фудбалерите на Реал Мадрид денес ќе го продолжат походот кон 12-тата шампионска титула на Европа, а прв ривал на тој пат ќе им биде Наполи.

Реал оваа сезона под водство на тренерот Зинедин Зидан ќе се обиде да стане првиот клуб којшто го одбранил трофејот на Лигата на шампионите.
Играчите на шпанскиот клуб се свесни за тежината на противникот и бараат внимателност во првиот натпревар од осминафиналето.
„Наполи има одличен тим и е во добра форма. Ќе се обидеме да не примиме гол, за да можеме помирно да го дочекаме реваншот. Ќе биде многу тешко, но се надеваме на најдобро“, изјави Серхио Рамос.
Од друга страна, во Наполи владее голем оптимизам, а некои фудбалери на тој клуб изјавија дека нема да се задоволат со нерешен резултат во Мадрид.
„Имаме голема шанса. Може да се каже дека нерешениот резултат е добар, но нема да се задоволиме со реми бидејќи сакаме повеќе од тоа“, изјави Пепе Реина, голманот на Наполи.
Натпреварот ќе се игра вечерва, од 20.45 часот, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Реваншот е закажан за седми март.
Другиот натпревар закажан за вечерва ќе почне во исто време, а тој дуел би требало да биде еден од поинтересните во осминафиналето.
Баерн Минхен ќе го дочека Арсенал и ќе се обиде да забележи што подобар резултат, бидејќи целта на германскиот клуб е да го освои трофејот, прв од 2013 година.
Натпреварот во Минхен ќе го суди српскиот арбитер Милорад Мажиќ.

Лига на шампиони, осминафинале:
Среда: 
20.45 Баерн Минхен – Арсенал
20.45 Реал Мадрид – Наполи
21-ви февруари:
20.45 Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид
20.45 Манчестер сити – Монако
22-ри февруари:
20.45 Севилја – Лестер
20.45 Порто – Јувентус

Најнови вести