Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Алексис е првиот избор на Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат дека Алексис Санчес е приоритет на Јувентус следното лето.

„Тутотспорт“ пишува дека тренерот Масимилијано Алегри со промената на тактиката на 4-2-3-1, ја натерал и управата да ја промени стратегијата за трансфер.
Една од целите ќе биде наводно и Корентен Толисо, играчот од средината на теренот на Лион, но Алексис Санчес, напаѓачот на Арсенал, сепак е приоритет.
Чилеанецот со тоа би им се придружил на Гонзало Игуаин и Пауло Дибала во нападот на торинскиот клуб. Јувентус го плати Игуаин 90 милиони евра, а се претпоставува дека слична цена ќе мора да плати и за Санчес.
Тој наводно веќе го одбил новиот договор во Арсенал и плата од 180.000 фунти седмично. Моментно е прв стрелец на Премиер лигата со 17 голови, а има и осум асистенции.

Најнови вести