Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Нов потпис во Тотенхем

Премиерлигашот Тотенхем покажа дека смета на децата од неговата младинска школа.

Фудбалскиот клуб Тотенхем денес објави дека потпишал нов, петгодишен договор со Хари Винкс. Станува збор за млад фудбалер, кој ги помина сите младински селекции на клубот, но и репрезентацијата на Англија.
Винкс оваа сезона одигра 19 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања, а еднаш постигна и погодок.
„Во Тотенхем сум од својата шеста година и чувствувам дека постепено добивам важна улога во клубот“, изјави 20-годишниот фудбалер за клупската телевизија истакнувајќи дека и понатаму е голем фан на овој клуб како и кога бил дете.
Неговото дерби за првиот тим беше во 2014 година против Партизан, во натпреварот од Лигата на Европа на „Вајт харт лејн“.

Најнови вести