Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Емери: Барса е добра, мораме да бидеме внимателни

Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, изјави дека неговите играчи мора да останат мирни и покрај убедливата победа над Барселона.

Парижаните вчера во целост го надиграа големиот ривал во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со резултат 4-0.
Иако делува дека ПСЖ со едната нога веќе е во четврт-финалето, Емери е внимателен.
„Имаме голем мотив кога играме против Барселона. По овој натпревар имаме многу добро чувство, но исто така мораме да бидеме внимателни бидејќи имаме уште 90 минути. Ги надигравме и одигравме многу комплетен натпревар. Мораме да се обидеме да го задржиме ова ниво на концентрација бидејќи тие играат многу добро. Многу сум внимателен што се однесува до реваншот. Мораме да се обидеме да одиграме на ист начин“, изјави Емери.

Најнови вести