Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Ласана го напушти Олимпик Марсеј

Францускиот репрезентативец Ласана Дијара ја заврши неговата епизода во Олимпик од Марсеј, со кого вчера договорно ја раскина соработката.

Ласана Дијара, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, вчера стана слободен играч откако со Олимпик Марсеј договорно ја раскина соработката.
На официјалната интернет-страница на Олимпик се наведува дека договорно е раскината соработката и дека Ласана го напушта „Велодром“ по година и пол.
Французинот во тековната сезона настапи во единаесет првенствени натпревари, а осум пати беше во стартната постава. Последниот натпревар го одигра пред неполни седум дена против Генгамп, којшто Олимпик од Марсеј го доби со резултат 2-0.
Ласана Дијара на „Велодром“ стигна како слободен играч, а останува да се види која ќе му биде наредна дестинација.

Најнови вести