Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Соиграчите не му простуваат на Балотели: Незаинтересиран е за фудбалот

Изгледа воведните денови на кариерата на Балотели во Ница, во коишто потсети сè што може, кога сака, беа со краток рок.

По одличните партии кои ги одигра и беше еден од најзаслужните што Ница долго беше во врвот на табелата, Балотели повторно почна по старо. Се расправа со судиите, заработува жолти и црвени картони, незаинтересиран е на теренот, често е повреден или болен, поради што пропушта повеќе натпревари. Последниот, против Рен (2-2), не го играше поради настинка.
Таквото однесување на Марио Балотели го наведе Валентин Ејсерик, еден од најдобрите играчи на Ница, јавно да го искритикува Италијанецот.
„Незаинтересиран е за фудбалот, безволен. Гледаме на тренинзите дека според можностите е пред сите нас, но џабе е кога е таков. Можеше да ни помогне во повеќе натпревари, но токму кога треба, тој се влече по теренот и игра со сила. Тоа е неприфатливо“, изјави Ејсерик.
Балотели оваа сезона за Ница одигра 19 натпревари и постигна единаесет голови.

Најнови вести