Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Борусија ја прифати казната, ќе ја затвори јужната трибина

Фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд соопшти дека ја прифаќа казната за нередите на нејзините навивачи.

Дортмунд соопшти дека ќе ја затвори јужната трибина на стадионот за наредниот натпревар во Бундеслигата.
Фудбалскиот сојуз на Германија ја казни Борусија од Дортмунд со 100.000 евра и побара таа да ја затвори јужната трибина, со капацитет од 24.454 седишта, на која се сместени најжестоките навивачи на тој клуб.
Клубот наведе дека одлуката за прифаќање на казната е донесена врз основа на уверението дека не е можно ниту има смисла да се разговара за потребна и соодветна казна од правна перспектива во моментната атмосфера набиена со емоции.
Навивачите на Борусија во текот на натпреварот со Лајпциг на четврти февруари истакнаа навредливи пароли, а на натпреварите против Мајнц и против Хофенхајм правеа нереди. Борусија од Дортмунд веќе имаше условна казна за делумно затворање на јужната трибина поради претходни прекршоци.

Најнови вести