14.2.2017 Хлеб се врати во Крилја Советов
Александр Хлеб, поранешниот фудбалер на Арсенал и на Барселона, се врати во редовите на рускиот прволигаш Крилја Советов, објави тој клуб.
Белорускиот играч за врска во екипата од Самара доаѓа од БАТЕ Борисов, каде што го заврши својот четврт мандат.
Хлеб по втор пат ќе настапува за Крилја Советов, чиј член беше кратко во 2012 година.
Овој 35-годишен фудбалер во текот на кариерата играше и за: Штутгарт, Бирмингам, Волфсбург, Коњаспор и Генчлербирлиги, додека со Барселона во сезоната 2008/09 ги освои Лигата на шампионите, Примера лигата и Кралскиот куп.
Во Каталонија не успеа да ги повтори одличните партии од Арсенал поради кои за 25 милиони евра стигна на „Камп ноу“.