28.1.2017 Билиќ го доведе Снодграс за 10,2 милиони фунти
Роберт Снодграс, репрезентативецот на Шкотска, од Хал направи трансфер во Вест хем, потврди синоќа клубот од Лондон.
Ангажирањето на 29-годишниот фудбалер за врска „чеканите“ ги чинеше 10,2 милиони фунти, а Шкотот потпиша договор до летото 2020 година.
Снодграс оваа сезона беше еден од најдобрите играчи на Хал и во 20 натпревари на Премиер лигата постигна седум голови и три асистенции.
Хал пред неколку дена на Вест Бромич му го продаде Џејк Ливермор, а во борбата за опстанок во елитното друштво, меѓу останатите, ги ангажираа поранешните фудбалери на Партизан и Црвена ѕвезда,Лазар Марковиќ и Евандро.