Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2017

Крај на сезоната за Дин Марни

Дин Марни, играчот за врска на Барнли, ја заврши сезоната откако по лекарските прегледи беше утврдено дека ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото на натпреварот со Арсенал во неделата.

Дека 32-годишниот фудбалер нема да може да игра подолг период потврди и Шон Дајш, менаџерот на Барнли.
„Дин во четвртокот посети специјалист, но е утврдено дека ги скинал лигаментите на десното колено, што му се случуваше и порано. Пред него е долг период на закрепнување“, изјави Дајш.
„Марни знае што го чека. Тоа е голем удар и за нас и за него. Тој е цврсто момче и има поддршка од сите нас“, додаде Дајш.
Марни беше стандарден играч во тимот на Барнли оваа сезона, а беше стартер на 21 натпревар. Екипата на Шон Дајш го изгуби натпреварот против Арсенал со 2-1, додека следниот дуел го игра денес, во ФА купот против Бристол, додека по три дена ќе игра против Лестер во Премиер лигата.

 

Најнови вести