Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2017

Венгер пред голема казна поради туркање на судиите

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, би можело да биде казнет поради исклучувањето и туркањето на судиите на натпреварот со Барнли.

Францускиот стручњак е исклучен поради реакцијата по пеналот кој му беше досуден на противничкиот тим во 93-тата минута од средба, а го оттурна и четвртиот судија Ентони Тејлор.
Венгер остатокот од натпреварот сакаше да го прати од тунелот, Тејлор му побара од него да се тргне, но менаџерот на Арсенал одби.
Греј изедначи, но Санчес му донесе победа на својот тим исто така од белата точка во 98-та минута.
„Требаше да замолчам, жал ми е што не го направив тоа. Не мислев ништо малициозно, требаше да останам мирен. Не реков ништо што во фудбалот не се слуша секој ден, во девет од десет случаи не би биле исклучени поради тоа. Во текот на целиот натпревар бев помирен од обично“, изјави Венгер.

Најнови вести