Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2017

Коста стана „центурион“, Челзи со осум бодови пред сите

На својот јубилеен стоти натпревар во дресот на Чезли во сите натпреварувања, Диего Коста со постигнатиот гол на „сините“ им донесе нов триумф во Премиер лигата, со што ја зголемија предноста на лидерската позиција и имаат осум бодови повеќе од вториот на табелата. Хал беше совладан со 2-0 на „Стемфорд бриџ“.

Ливерпул во ова коло изгуби, Тотенхем одигра нерешено, а тоа го искористи тимот на Антонио Конте и се зацврсти на првото место.
Дуелот со Хал имаше прекин од повеќе минути во првото полувреме, кога му се укажуваше помош на гостинскиот играч Рајан Мејсон, кој во 21-вата минута мораше да го напушти теренот. 
Првото полувреме беше продолжено дури за девет минути, а Челзи дојде до гол во седмата. Мозес испрати остра топка во шеснаесетникот, а Диего Коста го постигна 52-риот гол во синиот дрес.
Во текот на нападот на Хал во вториот период на играта, актуелниот лидер стигна до вториот гол. Контра-нападот беше прекинат со фаул, Фабрегас од слободен удар му асистираше на Кејхил за 2-0.
На шпанскиот играч за врска тоа му беше 101-ва асистенција во Премиер лигата, и сега се само Гигс и Лампард пред него на вечната листа на Премиер лигата.
Следниот викенд во Англија се играат дуелите на ФА купот, а потоа Челзи го очекуваат две големи дербија, со Ливерпул и со Арсенал, и тоа во период од само четири дена.

 

Најнови вести