Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

Заминува во легендите – Чаби Алонсо ја завршува кариерата

Одличниот Шпанец изјави дека одлучил да ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.

Како што пренесува германскиот „Билд“, шпанскиот фудбалер Чаби Алонсо ја игра неговата последна сезона како професионален фудбалер.
Двократниот освојувач на Лигата на шампионите, победник на Светското и на Европското првенство, како и двократен освојувач на Бундеслигата и освојувач на Примера лигата, својата одлука ќе ја соопшти наскоро, а веднаш по него тоа би требало да го направи и неговиот соиграч Филип Лам, капитенот на „баварците“.
На Алонсо договорот му истекува на крајот на оваа сезона, а по разговорот со челниците на клубот, тој одлучил да се повлече од фудбалот.
Шпанскиот играч за врска, кој е познат по своите технички карактеристики, одличните додавања и шутот од далечина, веќе има 35 години и е вистинско време да ја заврши својата кариера.
Дали тоа ќе биде на најдобар можен начин со освојување на Лигата на шампионите со Баерн, останува да се види.
Кариерата ја почна како играч на Реал Сосиедад, а потоа играше во Ливерпул, во Реал Мадрид и сега во Баерн Минхен.

Најнови вести