Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2017

Клубовите се договориле: Гриезман налето во Манчестер јунајтед

Антоан Гриезман налето од Атлетико Мадрид ќе направи трансфер во Манчестер јунајтед, пишуваат британските медиуми.

Иако имало проблеми околу откупната клаузула, која изнесува сто милиони евра, двата клуба на крајот сепак постигнале договор и францускиот фудбалер налето би требало да отиде на „Театарот на соништата“.
Гриезман е голема желба на Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, а клубот ќе му ја исполни желбата и ќе го доведе.
Бидејќи претходно беше потврдено дека Ибрахимовиќ ќе остане во клубот, тие двајца би требало да го сочинуваат напаѓачкиот тандем, што би значело дека Руни ќе биде во втор план.
Мурињо планира налето да ја реновира екипата, а една од големите желби му е и српскиот фудбалер од Челзи, Немања Матиќ.

Најнови вести