Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2017

Сити го руши рекордот – На Барса 114 милиони, на Меси 910.000 евра

Манчестер сити е подготвен да го сруши рекордниот трансфер во историјата на фудбалот и да понуди 114 милиони евра за првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Англискиот клуб веќе ги контактирал Барселона и Лионел Меси, кому му нуди 910.000 евра седмично, пишува британскиот „Сан“.
Главна карта на која игра Сити е менаџерот Хосеп Гвардиола, пред сè поради пријателскиот однос со Меси, но и тоа што играчот сè уште одолговлечи со продолжување на договорот со Барселона.
Изворот наведува дека двата клуба имале состанок минатиот месец и дека од Каталонија се подготвени разговорите да завршат позитивно бидејќи Барселона не може да си ги дозволи превисоките барања на Меси околу платата за да стави потпис на новата соработка.
Меси веќе ја одби богатата понуда од Кина, но повикот на Гвардиола би можело да го промени мислењето околу одлуката да го напушти клубот.

Најнови вести