Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Зидан тешко го поднесе поразот од Севилја

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека тешко го поднесол поразот од Севилја, но и истакна дека резултатот нема да влијае врз неговите фудбалери.

„Тешко го поднесов поразот. Натпреварот го имавме во свои раце и ова е баш тежок пораз. Сепак, мотивирани сме да продолжиме понатаму, иако знаеме дека ќе биде тешко до крајот на сезоната“, изјави Зидан за шпанските медиуми.
Реал го забележа првиот пораз дури во 18-тото коло на Примера лигата, по 40 натпревари без неуспех, откако вчера како гостин изгуби од Севилја со 2-1.
Тимот на Зидан водеше со голот на Кристијано Роналдо од пенал во 67-мата минута, но Севилја направи пресврт со автоголот на Серхио Рамос во 85-тата минута и со погодокот на Стеван Јоветиќ во судиското продолжение.
Францускиот стручњак изјави дека било тешко да се седи во соблекувалната по натпреварот, но дека на играчите посебно им е непријатно бидејќи се поразени прв пат по 40 натпревари.
Зидан изјави пофални зборови за Севилја.
„Севилја покажа дека може да се бори за трофејот во Примера лигата. Тоа е тим кој игра добар фудбал, кој се бори и игра со полн капацитет“, изјави Зидан.
Севилја со победата заостанува само еден бод зад Реал на табелата на шпанското првенство.

Најнови вести