Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2017

Заза на заем во Валенсија

Симоне Заза, напаѓачот на Јувентус, испратен е на втор заем оваа сезона, по Англија, сега ќе се обиде во Шпанија.

Заза до следното лето ќе го носи дресот на Валенсија, за што „лилјаците“ платиле два милиони евра, а ако сакаат да го откупат на крајот на сезоната, ќе мора да платат уште 16 милиони.
Италијанскиот репрезентативец не се снајде во Вест хем минатата есен, на осум натпревари во Премиер лигата не постигна ниту еден гол.
Валенсија има проблеми со нападот, постигна 24 погодоци во 17 кола на Ла Лига, а најдобар стрелец е Родриго со четири гола.
Тимот од „Месталја“ е на граница на зоната за испаѓање од елитниот ранг на шпанскиот фудбал, а минатата недела доживеа дебакл против Селта во осминафиналето на Кралскиот куп со пораз од 6-2 во двомечот.
Заза минатата сезона постигна осум голови на 24 настапи за Јувентус, додека врвот на кариерата го доживеа во сезоната 2014/15, кога со 11 погодоци на 31 натпревар беше еден од најдобрите стрелци во Серија А.
Во претходните три години, за Италија настапи 16 пати и постигна еден гол, во квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Најнови вести