Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2017

Шнедерлен во Евертон за 22 милиони фунти

Морган Шнедерлен, досегашниот играч за врска на Манчестер јунајтед, потпиша договор на четири и пол години со Евертон, во трансфер вреден 22 милиони фунти.

Шнедерлен  со тоа повторно ќе работи со менаџерот Роналд Куман, со кого две години соработуваше во Саутхемптон, од каде што во јули 2015 година отиде во Јунајтед за 30 милиони фунти.
„Овде го познавам менаџерот. Знам дека од мене може да го извлече најдоброто, го познавам неговиот стил и знам колку сака да играме фудбал“, изјави 27-годишниот Французин.
На Шнедерлен во Јунајтед му рекле дека може да го напушти клубот, откако оваа сезона не успеа да се избори за место во тимот кај Жозе Мурињо.
Тој оваа сезона играше само 11 минути во Премиер лигата.
„Морган навистина сака да покаже колкав квалитет поседува и сака да игра бидејќи тоа е најдобрата работа за фудбалерот. Фудбалерите се родени да играат натпревари, а не да седат на клупата или да бидат надвор од екипата. Но, ова за него е нов чекор, нова иднина“, изјави Куман.
Трансферот на Шнедерлен од 22 милиони би можело да достигне цифра од 29 милиони фунти.

Најнови вести